Тиквеш прв се закани во деветтата минута, кога Талески со врвот на прстите го одбрани ударот на Луисанињо. Седум минути подоцна Ренатињо го префрли голманот на Вардар од 35 метри, а погодокот беше потврден по проверка.
Во 28. минута Талески го одбрани ударот на Лавал, а на спротивната страна Стевковски го запре Бабунски при првата шанса за Вардар. Во 42. минута Луисанињо по противнапад излезе сам пред Талески и погоди откосо од десната страна. Кавадарчани заминаа на полувреме со предност од два гола.
Вардар заигра поактивно по паузата, но Стевковски ги одбрани ударите на Пиреш и Омерагиќ. Во 62. минута Николовски доби топка во длабочина, го заобиколи Талески и го постигна третиот гол за Тиквеш. До крајот Стевковски ги запре и обидите на Омерагиќ и Кастањеда и ја зачува својата мрежа.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.