Покрај гимназијалките, на натпреварот настапија и женските одбојкарски екипи на СОЗШУ „Ѓорче Петров“ и СОУ „Ќиро Спанџов-Брко“. Спортската средба беше можност ученичките од трите училишта да се дружат и да ги одмерат силите на одбојкарскиот терен.
Од гимназијата „Добри Даскалов“ ја истакнаа умешноста, посветеноста и тимскиот дух на учесничките. Училиштето го посочи натпреварот како пример за значењето на спортот во училишниот живот и за развивањето здрави натпреварувачки навики.
Според гимназијата, ваквите спортски средби ја поттикнуваат физичката активност кај младите, но и меѓусебното почитување, соработката и дружењето.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.