Жителите и градоначалникот разговараа и за приоритетните проекти што треба да се реализираат во Сирково и за подготовката на Буџетот на Општина Росоман за 2027 година. Целта на непосредните разговори е заеднички да се утврдат приоритетите и да се планираат проекти според потребите на населението.
Крстевски оцени дека најдобрите одлуки се носат заедно со граѓаните, бидејќи тие најдобро ги познаваат потребите на своето населено место. Тој најави продолжување на средбите во сите населени места во општината, со цел рамномерен развој и подобри услови за живот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.