Фотографија објавена на јавниот профил на Вински музеј за регион Тиквеш – Кавадарци
Гостите од Илинденци ги интересираше историјата на тиквешкото винарство.
Со домаќините разменија искуства за одгледувањето лоза и производството на вино.
Гости од Илинденци во Бугарија викендов го посетија Винскиот музеј за регион Тиквеш во Кавадарци за да слушнат како низ годините се развивало винарството во Тиквеш.
И крајот од кој доаѓаат гостите е познат по производството на вино. Посетителите и домаќините од музејот разменија искуства од лозарството и винарството и споделија факти и приказни за тоа како се одгледувала лозата и како се правело вино.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.