Фотографија од настанот · Гимназија Добри Даскалов – Кавадарци
„Добри Даскалов“ го победи „Киро Спанџов - Брко“ со 19:16.
Победничката екипа ќе го претставува Кавадарци на зонските натпревари.
Машката ракометна екипа на Гимназијата „Добри Даскалов“ од Кавадарци го освои првото место на општинскиот натпревар, победувајќи ја екипата на СОУ „Киро Спанџов - Брко“ со 19:16.
Двете кавадаречки училишни екипи се сретнаа вчера во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци. Натпреварот во категорија момчиња го организираше ОСУС – Кавадарци.
Со освоеното прво место, екипата на „Добри Даскалов“ ќе го претставува Кавадарци на претстојните зонски натпревари.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.